Дури три продолженија, односно цели 55 минути игра му беа потребни на тимот на Вашингтон Стејт да дојде до победата од 85:76 во дуелот со големиот „должник“, составот на Стенфорд.
Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски одигра уште еден сосема добар натпревар. На теренот остана неверoјатни 51.минута, а овој маратонски меч крилото на Вашингтон го заврши со ефект од 11 поени, 9 асистенции и 6 скока.
Извор и фото: https://kfsm.mk/



