Трката во слалом во машка конкуренција го затвори овогодинешното Светско првенство во алпско скијање, одржано во Кортина д’Ампецо, Италија.
На натпреварувањето, до првото индивидуално светско злато дојде Норвежанецот Себастијан Фос-Солевааг (1:46,48), кој беше третопласиран после првата серија.
Со сребро се закити Австриецот Адријан Пертл (+0,21), кој претставуваше вистинска сензација и беше водечки после првото скијање.
Најниското место на пиедесталот го освои Хенрик Кристоферсен (+0,46). Вториот Норвежанец на подиумот го освои бронзениот медал што е всушност негово второ светско одличје во кариерата, после златото во велеслалом во Оре 2019.
Единствената надеж на домашната селекција, Алекс Винатцер, беше второпласиран после првата серија, а накрај мораше да се задоволи со четвртата позиција (+1,20).
Освен нив, во топ 10 се пласираа уште: Даниел Јул (+1,22), Исток Родеш (+1,36), Алексис Пантуро (+1,50), Штефан Хадалин (+1,50), Михаел Мат (+1,56) и Арманд Маршан (+1,74).
📸 FABRICE COFFRINI/AFP via Getty Images