
Иако ја завршија календарската 2022 година со два порази, Пеликанс влегоа во 2023 со мини-серија од два триумфи.
Во рамките на денешната програма од финската хокеарска Лиига, ,,Пеликаните” триумфираа со 4-1 против Јукурит.
Речиси до самиот звук на сирената, домаќините водеа со 3-0 со головите на Ларс Бригман, на Саке Хамалаинен и на Аату Јамсен.
Сепак, во последните 77 секунди, пакот влезе по еднаш и на двете страни, откако за гостите погоди Линус Насен, а конечниот резултат го постави Лукаш Јашек.
На табелата, Јукурит остана на осмото место, додека Пеликанс ја заземаат третата позиција.