„Мојата почит за Македонија, несреќен пенал против нив, чист пенал кој не им беше досуден и овие момци го победија нивниот гостински меч против четирикратниот светски шампион. Симнувам капа“
Со овие зборови легендарниот германски фудбалер, Бастијан Швајнштајгер ја честиташе победата на фудбалската репрезентација на Македонија против Германија.



