Kaпитенот и селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, легендарниот Кирил Лазаров на својот фејсбук профил го честиташе успехот на фудбалерите.
„Честитки до сите фудбалери, селекторот, капитенот Горан Пандев и сите инволвирани кои придонесоа за оваа голема победа на Македонија. Во професионалниот спорт нема случајности ниту среќа, среќата се заслужува со посветеност, ентузијазам и борба до крај…
Македонскиот спорт станува наш најголем амбасадор во светот, спортистите најголеми амбасадори. Ви честитам од срце и само напред кон нови победи, покажавте дека имате ментална сила, карактер, македонски инает, интелигенција …
Ви посакувам многу среќа на Европското првенство. Одиме заедно кон нови победи за Македонија“