Македонскиот ракометен првак Вардар загуби од Мешков Брест на доамешн терен во СЦ ,,Јане Сандански” со резултат од 32:36 на полувреме 12:20 и со пораз ја заврши групната фаза од Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ финишираа на седмата позиција.
Кај победникот предничеше Валјупов со 12 гола, пред Скубе со 7 и Паниќ со 6 гола, а кај Вардар, Дибиров даде 9, пред Гаџа со 7 гола. Првите осминафинални дуели се играат на 31 март/1 април, додека вторите се на 7/8 април. На Вардар следен предизвик му е Веспрем, првиот меч се игра во Скопје, додека вториот во Веспрем.