
Првата трка од новата сезона од Светскиот куп во алпско скијање, се одвиваше во Зелден во дисциплината велеслалом во женска конкуренција.
Со победа од Австрија си замина една од фаворитките, Микаела Шифрин (2:07:22), која беше второпласирана после првата серија.
Во пресрет на втората рунда, на првата позиција се наоѓаше Лара Гут-Бехрами (+0,14), но накрај мораше да се задоволи со второто место.
Во продолжение, сите конкурентки заостануваа над една секунда, а на најниското место на подиумот се пласираше актуелната шампионка – Петра Влхова (+1,30).
Пласман во првите десет изборија уште: Катарина Линсбергер (+1,39), Марија Терезе Твиберг (+1,45), Мета Хроват (+1,59), Валери Грение (+1,85), Теса Ворли (+2,06), Нина О’Браен (+2,31) и Рамона Зибенхофер (+2,38).
Најголемата фаворитка и актуелната шампионка во велеслалом со пет минатосезонски триумфи, Марта Басино, не успеа да ја заврши првата серија.
На утрешната програма, на истото место ќе се тркаат мажите, а наредниот тркачки викенд е закажан за 13 ноември во Цирс.



