Во осмото коло од ВМФЛ Запад, во првото компетитивно меѓусебно градско дерби, Охрид Лихнидос ја пречека екипата на Воска Спорт.
Натпреварот заврши со 1-2 во корист на Воска Спорт, кој му го нанесе седмиот лигашки пораз на Охрид во низа.
Номиналните домаќини поведоа во 13. минута преку голот на Игор Клечкароски, после неговото одлично втрчување.
Во 44. минута, Воска го израмни резултатот, откако Изаир Емини најдобро се снајде по нафрлениот центар-шут од слободен удар.
Радоста на источната трибина на релативно пополнетиот стадион ,,Билјанини извори” се зголеми, кога Воска остана со играч помалку по директниот црвен картон на Михајло Јакимоски.
Сепак, во второто полувреме, составот предводен од Раде Цицмиловиќ, иако со десетмина на теренот, успеа да избори победа преку голот со глава на Игор Паноски (79′).
Освен стрелците, важна алка во победничкиот состав беше и голманот Горан Трајковски со три феноменални интервенции.
Со новите три поени, Воска остана на втората позиција на табелата, додека Охрид го зазема самото дно.
Веднаш по натпреварот, фудбалерите на Охрид, предводени од капитенот Љупчо Трпески, упатија извинување кон својата навивачка група – Рибари.