Николче Шаркоски е нов играч на ФК Вардар. Договорот е потпишан на една година.
Има 30 години, се работи за поливалентен фудбалер кој може да игра на десната странична позиција, но и во средниот ред.
Во досегашниот тек на кариерата бил дел од екипите на Работнички, Победа, Брера и Воска низ која има забележано 193 настапи во ПМФЛ во кои има постигнато 25 голови и 21 асистенција.




