Младинската машка репрезентација со победа го отвори разигрувањето за конечен пласман од 9-то до 12-то место на ЕП.
Денес во СС „Три Лилије“ во Лашко, Словенија нашата младинска селекција славеше победа против селекција на Унгарија со резултат 26:27.Следен противник на нашите млади ракометари за конечен пласман на ЕП ќе биде победникот од натпреварот Франција- Хрватска.
За најкорисен играч на натпреварот МВП беше прогласен Валентин Карасманакис.




