Владимир Ѓорѓиески стана првиот Македонец кој освои медал на Европско првенство во билјард.
Ѓорѓиески успеа да освои бронзен медал на Европското првенство во билјард кое се одржува во Подчетрек во категоријата инвалиди во колички во дисциплината осумка.
На првенството настапи и Христо Василевски, но тој не стигна до разигрувањето. Додека, на младинското ЕП на овој турнир ќе нè претставуваат Андреј Ѓурчиновски и Илија Димовски.




