Репрезентативката Ели Јаковска и довчерашна членка на турски Беледиеспор од Турција оствари голем трансфер во Локомотив од Стара Загора,Бугарија каде што потпиша договор до крајот на сезоната.
Јаковска има 25 години и има богата интернационална кариера во која што има забележителни настапи. Македонската интернационалка во претстојната сезона во Турскиот шампионат постигна 4 гола, додека за Македонија во 14 настапи има постигнато 2 гола.
Во текот на кариерата играше на меѓународна сцена уште за Бешикташ,Турција, Јувентус Алстетен,Швајцарија, Брезница,Црна Гора и Спартак,Србија. Оваа сезона со Локомотив, Јаковска има големи амбиции за висок пласман и ако се помине во најдобар ред и добие документи за престој во Бугарија нашата репрезентативка може да дебитира веќе овој викенд против Етер од Велико Трново.