Шампионот од 2019/20, Александар Омодт Килде, го заврши вториот овосезонски супервелеслалом од Светскиот куп во алпско скијање со победа за првпат во 2021.
Норвежанецот (1:10,26) беше најбрз на падините во Бивер Крик, САД, со само три стотинки предност во однос на вчерашниот победник – Марко Одермат (+0,03).
Радост на домашните навивачи им донесе американскиот скијач, Тревис Генонг (+0,37), кој го освои третото место на својот јубилеен 160. настап во Светскиот куп.
Двајцата најдобри австриски брзински скијачи, Матијас Мајер (+0,92) и Винсент Крихмајер (+0,95), го заокружија пласманот во топ 5, а под една секунда заостануваше и актуелниот шампион – Алексис Пантуро (+0,98).
Со исклучок на наведените натпреварувачи, во првите десетмина се пласираа уште Матје Баје (+1,20), Рафаел Хаасер (+1,45), Џино Кавиецел (+1,46) и Андреас Сандер (+1,56).