Во Суперлигата ракометарите на Еурофарм Пелистер славеа против Тиквеш со 25-16.
Убедливо најдобар стрелец беше Ненад Костески со 8 гола пред Матео Мараш со 4 гола. Кај Тиквеш се најефикасен беше Стефан Дрогришки со 5 погодоци.
За Ненад Костески ова беше трет натпревар со ред во Суперлигата каде е најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер.