Денес од 17.00 часот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид се игра натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Струга Трим Лум и Будуќност Подгорица. Билетите може да се купат онлајн на платформата karti.com.mk или во „Empire Lounge“ во Струга.
Капитенот на тимот, Буњамин Шабани верува дека Струга Трим Лум ќе успее да го елиминира Будуќност.
Прво да кажам дека и на двете стредби со Жалгирис одигравме добро. Сепак пресуди нивното искуство, ако сакате и среќата која беше на нивна страна. Секако дека бевме шокирани, но научивме дека некогаш на вакви европски мечеви и детали решаваат. Будуќност е шампион на Црна Гора.
Во Европа нема лесни противници, и покрај проблемите што ги има мора да се респектира нашиот противник. Сите во Струга Трим ЉУм сме решени да го дадеме максимумот на овој двомеч, да го минеме Будуќност и да останеме што подолго во Европа, изјави капитенот на Струга Трим Лум.