Денес од 17.00 часот на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид се игра натпреварот од второто квалификациско коло во Конференциската лига помеѓу Струга Трим Лум и Будуќност Подгорица. Билетите може да се купат онлајн на платформата karti.com.mk или во „Empire Lounge“ во Струга.
Напаѓачот на македонскиот шампион Струга Трим Лум, Марјан Радески е оптимист за позитивен резултат на денешниот прв натпревар.
Мислам дека одигравме два одлични натпревари, но на крајот, за жал, загубивме. Мислам дека искуството на противникот беше пресудно. Мора да ги земеме позитивните страни и да учиме од грешките. Мислам дека бевме тимови на исто ниво и заслуживме да одиме понатаму, но малите грешки нè чинеа многу. Сепак, мораме да се кренеме по тој пораз и да гледаме напред.
Сега имаме „ладна глава“, добро тренираме, го анализиравме противникот. Потребно ни е секој од нас, било да е стартер или резерва, да даде 200% од себе и да одиме понатаму во третото коло. Имаме одлична и поволна ждрепка што ни дава надеж за „плеј-оф“ натпреварите за групната фаза – изјави Радески.