Убедливиот триумф над Норвежаните со 100:80, сепак, не е доволен за „премин“ во четвртфиналата фаза на шампионатот
Нашите јуниори го променија местото на играње, односно за првпат откако се во Матошинос, заиграа во „главната сала“, односно Конгресниот спортски центар во овој португалски град.
А во 40.минути доста израмнета игра, против Норвешка, во поглме дел. Но го скршивме отпорот на жилавите скандинавци во последните десетина минути, за прва победа на првенството за избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ.
Денес, од 16.30.часот, играме против селекцијата на Исланд во обид да дојдеме до втората победа на првенството во овој португалски град и место кое води во разигрување за пласман од 9.до 16.позиција.
ЕП – „ПОД 18“-MAЖИ-ДИВИЗИЈА „Б“- МАТОШИНОС 2023
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО
Велика Британија – Австрија 79:64
МАКЕДОНИЈА – Норвешка 100:80
Исланд – слободен
ТАБЕЛА
1.Австрија 4 3 1 320:289 7
2.Велика Британија 3 3 0 240:200 6
3.МАКЕДОНИЈА 3 1 2 242:241 4
4.Исланд 3 1 2 219:233 4
5.Норвешка 3 0 3 218:276 3
ИДНО КОЛО (26.ЈУЛИ)
14.00: Норвешка – Велика Британија
16.30: Исланд – МАКЕДОНИЈА
Австрија – слободна