Есендон Бомберс и Хоторн Хокс го одиграа еден од највозбудливите мечеви во последните пет сезони во АФЛ.
Имено, Хокс накрај успеаја да триумфираат со еден поен разлика, односно со (13.13) 91-92 (14.8), откако во еден период имаа негатива од дури 39 поени.
Клучна четвртина за кам-бекот на Хоторн беше третата во која постигнаа осум голови и ги надиграа ривалите со (1.4) 10-48 (8.0).
Накрај, најефикасен од победничкиот тим беше Дилан Мур (3.0), а освен него, се истакнаа уште Тајлер Брокман (2.0), Хари Морисон (2.0) и Тим О’Браен (2.0).
Од друга страна, кај Есендон најдобри беа Ентони МекДоналд-Типунгвути (2.1) и Девон Смит (2.1).
📸 Daniel Pockett/Getty Images