Последната трка во велеслалом од тековната сезона на Светскиот куп во алпско скијање се одржа денес во швајцарскиот Ленцерхајде.
На неа, право на учество имаа најдобрите 25 скијачи во поредокот на оваа дисциплина.
До победата на оваа трка дојде Французинот Алексис Пантуро (2:15,75), кој водеше убедливо и после првата серија.
За скијачот што денес го слави својот јубилеен 30. роденден, ова беше петта победа во сезоната, доволна за осигурување на малиот кристален глобус во велеслалом, а и на големиот кристален глобус во генералниот пласман.
Среќата на Пантуро ја придонесе потфрлувањето на неговиот најблизок конкурент, Марко Одермат (+1,28), кој заврши на 11. место.
На втората позиција се пласираше Хрватот Филип Зубчиќ (+0,20), а третопласиран беше светскиот шампион во оваа дисциплина, Матје Февр (+0,21).
Во продолжение, во топ 10 се пласираа уште: Штефан Бренштајнер (+0,46), Лука де Алипрандини (+0,64), Тибо Фавро (+0,79), Џино Кавиецел (+1,00), Хенрик Кристоферсен (+1,07), Леиф Кристијан Нестволд-Хауген (+1,09) и Штефан Луитц (+1,25).
📸 Alain Grosclaude/Agence Zoom/Getty Images