Во рамките на 18 коло од Прва ЖФЛ во Тетово, екипата на ЖФК Љуботен го нагости тимот на ЖФК Речица, а до трите бода стигна домашната екипа со триумф од 1:0 на полувреме беше 0:0.
Најзаслужна за новите три бода е стрелецот Марија Белистојаноска која што со нејзиниот единстевн гол во вториот дел донесе радост за домашната екипа. Натпреварот помина во фер и коректна атмосфера, а тетовчанки поради притисокот дека мора да се освојат нови бода во борба за опстанок им требаше подолго време додека го скршија отпорот на гостинските фудбалерки.
Фото: ЖФК Љуботен – Тетово Официјална Страна



