Во второто полуфинале на ЕУРО 2020 вечер од 21 часот на Вембли ќе се сретнат репрезентациите на Англија и Данска.
Англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт ја даде следната изјава:
„Данска еднаш го освои Европското првенство, така што тие имаат подобар скор од нас и мислам дека луѓето во Англија го заборавија тоа. Никогаш во нашата историја не сме стигнале до финале, па затоа ова е одлична можност за нашите играчи да влезат во историјата“