Во второто полуфинале на ЕУРО 2020 вечер од 21 часот на Вембли ќе се сретнат репрезентациите на Англија и Данска.
Данскиот селектор Каспер Хјулманд изјави:
“Не ми се допаѓа менталитетот на аутсајдери. Ние сигурно нема да бидеме фаворити, но нема да играме дефанзивно и да чекаме да издржиме без да примиме гол. Сакаме да имаме контрола на топката и да бидеме свесни дека во одредени моменти ќе мора да работиме напорно во одбрана.Потребни ни се вакви предизвици, имаме квалитетни фудбалери и противникот ќе биде мотивација.”