Во 27. коло од Бундеслигата составот на Хановер-Бургдорф ремизираше на гостувањето кај Фуксе Берлин со 32:32, иако на полувремето водеше со 13:15.
Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски одигра одлично и постигна 7 погодоци. Токму нашиот Филип Кузмановски беше херојот на гостите постигнувајќи израмнувачки гол во последните секунди од натпреварот со прекрасен цепелин.
Поради одличниот настап сосема заслужено Кузмановски се најде во тимот на колото во Бундеслигата.
