
Во триесеттото коло од англиската Лиг 1, Болтон Вондерерс го декласираа Сандерленд со убедливи 6-0.
За ,,Црните мачки”, ова беше најголем меѓусебен пораз во историјата, а од Болтон примија шест погодоци за првпат после 25 декември 1920.
Сандерленд беше благ фаворит на хартија во пресрет на дуелот, но ситуацијата на теренот остави сосема поинаков впечаток.
Двоен стрелец за победничкиот состав беше Дион Чарлс (19′, 51′), а по еден гол постигнаа Оладапо Афолајан (42′), Киран Ли (59′), Дени Бат (автогол 85′) и Деклан Џон (88′).
Со новите три бодови, Болтон изби на четиринаесеттото место, додека Сандерленд падна на третата позиција.




