
Екипата на МК Донс стана сериозен конкурент кога е во прашање директниот пласман од Лиг 1 во Чемпионшип.
Во рамките на триесеттото коло, во дербито на областа Бакингемшир, популарните Донс ги совладаа Викомб Вондерерс со минимални 0-1.
Минатата сезона, Викомб беше дел од второлигашкото друштво, а исто како и денешниот противник, цели кон враќање во Чемпионшип.
На табелата, Вондерерс и Донс имаат ист број на поени, но поради подобрата гол-разлика, денешните победници го држат четвртото место, наспроти петтопласираниот домашен состав.
На денешната средба, единствениот погодок го постигна Скот Твајн (13′), кој со тринаесет голови е петтопласиран на листата на стрелците.




