Венеција и Салернитана ги одмерија силите во дербито на 15. коло во италијанската Серија Б за првпат во тековната сезона.
После деведесет минути игра, Салернитана успеа да стигне до првата победа над Венеција на гостински терен после 21 декември 2003, триумфирајќи со 1-2.
Гостите од Кампанија стекнаа капитална предност од 0-2 уште во првото полувреме со двата гола на Андре Андерсон (34′, 38′).
Во вториот дел, Венеција напаѓаше константно, а голгетерскиот пост, од два натпревари во низа без погодок, го прекина Словенецот Домен Црнигој (90′). За новото засилување што пристигна од Лугано ова беше дебитантски лигашки гол во дресот на Венеција.
Со новите три поени, Салернитана останува на врвот на Серија Б, додека Венеција се наоѓа на осмото место со два натпревари повеќе во однос на Кјево.



