Во единствениот денешен натпревар од КХЛ се соочија Витјаз Подолск и ЦСКА Москва.
Витјаз, иако потполен аутсајдер, успеа да го изненади противникот и да триумфира со конечни 2-1.
Во првата третина, Џастин Данфорт му донесе водство на домаќинот, а во третиот период, Константин Окулов израмни на 1-1 преку ,,пауер-плеј” погодок. Сепак, на две минути до крајот, Каспарс Даугавинс погоди за 2-1 и му го донесе третиот триумф во последните пет средби на Витјаз.
Со новите два поени, хокеарите од Подолск се деветти, со ист број на поени како осмопласираниот Јокерит. Од друга страна, ЦСКА и покрај поразот останува најдобар состав на Западот.



