Во 15. коло од италијанската Серија Б, екипата на Виртус Ентела дојде до првата победа во тековната сезона.
Момците од Лигурија, на денешниот дуел против Пескара, успеаја да триумфираат со убедливи 3-0. Сепак и покрај победата, Ентела останува на дното, додека Пескара се наоѓа две позиции погоре.
Стрелци за ,,Црните ѓаволи” беа тројца различни играчи. Најпрво, Андреа Скенети (16′) им донесе почетно водство, за шеснаесет минути подоцна, Џузепе Де Лука да зголеми на 2-0, по промашениот пенал.
Накрај, конечниот резултат го постави Касио Кардозели (90+5′) со својот дебитантски погодок во дресот на Ентела.