
За првпат после 2021, Амур Хабаровск го совлада Автомобилист Екатеринбург, откако денес славеше со 3-2.
На овој начин, ,,Тигрите” останаа на осмото место во Западната конференција и ја оставија во свои раце судбината за пласман во плејофот.
Од друга страна, Автомобилист го зазема петтото место со сигурно обезбедено учество во доигрувањето.
На денешната средба, гостите израмнуваа двапати преку Анатоли Голишев и преку Алексеј Макејев, додека домаќините го искористија дури третото водство за освојување на важни два бода.
Стрелци за Амур во ,,Платинум Арена” беа Владислав Барулин, Иван Николишин и Руслан Педан.