Во рамките на четиринаесеттото коло од англискиот Чемпионшип, силите ги одмерија две екипи што се наоѓаат во ,,црвената” зона – Дерби Каунти и Викомб Вондерерс.
Освен поради епитетот ,,дерби на дното”, овој меч ќе остане запаметен по уште две други карактеристики.
Имено, двете екипи се соочија за првпат во досегашната историја, а својот прв натпревар од тренерската кариера го имаше Вејн Руни.
Англичанецот седна на клупата на Дерби по заминувањето на Филип Коку, откако пред една година се пресели во ,,Овните” како тренер-играч.
Руни направи дури седум стартни измени од претходниот меч на Дерби, кога на клупата стоеше помошникот Лиам Росениор и успеа да ја прекине серијата од четири порази на ,,црно-белите”.
Накрај, натпреварот заврши со конечни 1-1, а поделбата на бодовите повторно ги остави двете екипи на две од последните три позиции на табелата.
На денешната средба и за Дерби, а и за Викомб, погодоците ги постигнаа играчи што немаа се запишано во листата на стрелците во тековната сезона. За домаќините погоди Двејн Холмс (36′), додека за гостите израмни Мет Блумфилд (81′).



