
За првпат после 28 години, кога Бони Блер славеше во Лилехамер, САД добија олимписка шампионка во брзо лизгање на 500 метри.
Имено, на денешната трка во Пекинг, со златен медал се закити Ерин Џексон (37,04), која е единствената победничка на тековните ЗОИ без срушен олимписки рекорд во овој спорт.
Втората позиција ја зазеде Јапонката Михо Такаги (37,12), која се закити со вицешампионскиот наслов и на 1500 метри.
Русинката Ангелина Голикова (37,21) дојде до првиот олимписки медал во кариерата, откако денес ја освои бронзата.
За само седум стотинки, без пиедестал остана Ванеса Херцог (37,28), а најдобрата Холанѓанка беше Јута Леердам (37,34) на петтата позиција.