РК Струга и наредната сезона ќе биде дел од македонската машка ракометна Супер лига, откако на бараж натпреварот ја совлада екипата на РК Мулти Есенс со резултат 24:19. Со оваа победа, стружани го осигураа своето место во најквалитетното натпреварување за сезоната 2025/2026.





