U17 тимот на Käerjeng/Esch ја освои шампионската титула на Луксембург!
Во возбудлив финален натпревар одигран во Bierchem, младинскиот U17 тим од обединетата ракометна екипа Käerjeng/Esch ја освои титулата шампион на Луксембург со минимална победа од 32-33.
Натпреварот беше неизвесен до последната секунда, а храброста и тимскиот дух на овие млади ракометари беа клучни за големиот успех. Славјето започна веднаш по последниот свиреж, а играчите со медали околу врат и широки насмевки го прославија триумфот пред своите навивачи.
Оваа титула е големо признание за напорната работа на клубот и тренерскиот тим предводен од легендарниот Владимир Темелков, како и доказ за квалитетот на младинската ракометна школа во регионот.




