РК Струга и наредната сезона ќе биде дел од македонската машка ракометна Супер лига, откако на бараж натпреварот ја совлада екипата на РК Мулти Есенс со резултат 24:19. Со оваа победа, стружани го осигураа своето место во најквалитетното натпреварување за сезоната 2025/2026.
Ракометната федерација на Македонија упати честитки до играчите, стручниот штаб и управата на клубот за постигнатиот успех, посакувајќи им успешна и стабилна сезона во елитното друштво.
Ова е важен чекор за клубот кој покажува карактер и квалитет кога е најпотребно.




