Денешното натпреварување во Клингентал, Германија го стави крајот на сезоната 2020/21 од Светскиот куп во нордиска комбинација.
На него, својата доминација ја потврди старо-новиот шампион, Јарл Магнус Риибер (24:43,6), кој славеше по шести пат сезонава.
На второто место се пласираше неговиот сонародник Еспен Бјорнштад (+3,7), а подиумот го комплетираше Фабијан Рисле (+17,2).
Позади Германецот се најде Јоханес Лампартер (+17,9), кој остана без подиум за само седум десетинки.
Во продолжение, во првите десет се пласираа уште: Рјота Јамамото (+37,2), Винценц Гајгер (+37,3), Јенс Лураас Офтебро (+41,5), Илка Херола (+42,2), Акито Ватабе (+48,7) и Мануел Фаист (+1:07,7).
📸 Millo Moravski/Agence Zoom/Getty Images