АК Барс Казањ дојдоа на само чекор до пласман во конференциското финале, откако поведоа со вкупни 3-0 против Салават Јулаев Уфа во четврт-финалната серија на КХЛ.
Имено, во третиот меѓусебен дуел, претставниците на Казањ триумфираа во ,,Зеленото дерби” со резултат од 1-2.
Кон крајот на првата третина, АК Барс поведоа преку Кирил Петров, кој прв го отвори резултатот.
Во првата минута од вториот период, Уфа израмни на 1-1, благодарение на Дмитриј Кугришев.
Само три минути подоцна, конечниот резултат го постави Михаил Глухов, кој се запиша во листата на стрелците по третпат во тековниот плејоф.
📸 Twitter: ХК Салават Юлаев