
Првото натпреварување во нордиска комбинација од Светското првенство во Планица (Словенија) заврши на посакуван начин за Јарл Магнус Риибер.
Норвежанецот, иако ја има најнесреќната сезона во Светскиот куп, успеа да стигне до златниот медал на СП, оправдувајќи ја предноста од првата серија.
Единствениот конкурент што немаше заостаток после скокачкиот дел, Рјота Јамамото (+49,1), мораше да се задоволи со деветтата позиција поради лошото скијање.
Неговото место на пиедесталот му го ,,украдоа” Германецот Јулијан Шмид (+19,4) и Австриецот Франц-Јозеф Рерл (+21,0), кои освоија сребрено и бронзено одличје.
Во продолжение, помеѓу пиедесталот и Јамамото се пласираа Винценц Гајгер (+41,4), Мануел Фаист (+42,1), Кристјан Илвес (+45,1), Штефан Ретенегер (+48,6) и Јорген Граабак (+49,0).
Од фаворитите, големи потфрлувања имаа водечките двајца во генералниот пласман на Светскиот куп, Јоханес Лампартер (+49,2) и Јенс Лураас Офтебро (+1:03,0), кои се најдоа на единаесеттото, односно на шеснаесеттото место.