
Во дваесет и шестото коло од италијанската Серија Б, Читадела во финишот успеа да слави кај Тернана со 1-2.
За гостите, ова беше прва меѓусебна победа после седум години, а воедно и прва во Терни после 2007.
За домашниот состав, сè започна на посакуван начин, со голот за 1-0 на Салим Дијаките (33′), кој стрелаше за првпат во италијанскиот фудбал.
Сепак, поразениот состав остана со десетмина на теренот, откако Матија Пројети заработи директен црвен картон (56′).
Избраниците на Едоардо Горини ја искористија играчката предност и дојдоа до победоносен пресврт со двата погодоци на Џовани Крочата (67′, 90+3′).
На табелата, Тернана остана на единаесеттото, додека Читадела скокна на дванаесеттото место.