
Денес, во рамките на 36. коло од шкотскиот Премиершип, беше одиграно познатото Олд Фирм Дерби помеѓу Ренџерс и Селтик.
На вкупно 425. судир на двата најголеми градски ривали, до 166. меѓусебна победа дојдоа Ренџерс, кои денес славеа со убедливи 4-1.
Во првото полувреме, во период од само седум минути, се случија четири клучни елементи.
Најпрво, Кемар Руф (26′) им донесе водство на Ренџерс, а во истиот момент, Селтик остана и со играч помалку, откако по вторпат жолт картон доби Калум МекГрегор.
Сепак, иако имаа играчки дефицит, мотивираните ,,Зелено-бели” успеаја да израмнат на 1-1 со 17. гол на најдобриот лигашки стрелец – Одсон Едуард (30′).
До почетокот на паузата, Алфредо Морелос (33′) со одличен погодок им ја врати предноста на Ренџерс.
Во вториот дел значително се приметуваше отсуството на МекГрегор, при што, веќе во 57. минута, ,,Полицајците” поведоа на 3-1 со вториот денешен гол на Руф.
Во судиското продолжение, конечниот резултат го постави резервистот од клупата, Џермејн Дефо (90+2′), кој направи мајсторија во шеснаесетникот на Селтик.
Без разлика на денешниот резултат, двете екипи останаа на првите две места на табелата, така што Ренџерс ја загарантираа титулата, а Селтик обезбеди учество во Европа.



