
На третата овосезонска трка во Формула 1, одржана во Портимао, до 97. победа во кариерата дојде актуелниот шампион – Луис Хамилтон.
Британецот стартуваше од второто место, а во водство прејде во 20. круг и остана таму до самиот крај.
Втората позиција му припадна на второпласираниот во генералниот пласман, Макс Ферстапен, кој освои три пиедестали во низа.
Подиумот го комплетираше вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас, додека вториот пилот на Ред Бул, Серхио Перез, се пласираше како четврти.
Во продолжение, во првите десетмина завршија уште: Ландо Норис, Шарл Леклер, Естебан Окон, Фернандо Алонсо, Даниел Рикардо и Пјер Гасли.



