Четвртата овосезонска трка од календарот на МотоГП беше одржана денес во Херез, Шпанија.
На неа, до втората победа во кариерата дојде Австралиецот Џек Милер, кој стартуваше од третото место.
Имено, во текот на две третини од трката, водечки беше Фабио Квартараро, кој поради проблем со пневматиците, накрај заврши на тринаесеттото место.
Од целата ситуација профитираше и Франческо Бањаја, кој по третпат во низа се пласираше на подиумот, притоа носејќи му 1-2 победа на Дукати.
Единствената позитивна алка кај Јамаха беше третопласираниот Франко Морбидели, а фантастичниот Такааки Накагами ја освои четвртата позиција.
Во продолжение, пласманот во топ 10 го комплетираа уште: Жоан Мир, Алеиш Еспаргаро, Маверик Вињалес, Жоан Зарко, Марк Маркез и Пол Еспаргаро.
Во генералниот поредок, првата позиција ја презеде Бањаја (66 поени) пред Квартараро (64), пред Вињалес (50) и пред Мир (49).