Серхио Рамос е лидер и долгогодишен член на Реал Мадрид, па идното лето му истекува договорот. Претседателот Перез му нуди едногодишен договор додека Рамос инсистира на двегодишен договор со годишна плата од 11 милиони евра.
Пред неколку сезони Рамос преговараше со Манчестер Јунајтед но тоа му беше само трик колку да дојде до нов богат договор. Сега шпанскиот стопер има понуди од Јувентус и ПСЖ кои му ги нудат бараните услови. Сепак Рамос е 16 години во Реал Мадрид и ќе покаже следниот период во кој правец ќе се движи неговата кариера.