Лука Ромеро на 18 ноември ќе наполни 16 години , а пред неколку месеци дебитираше за тимот на Мајорка во Примера како најмладиот играч во историјата. Сепак Ромеро ја одби понудата да игра за Шпанија и во иднина ќе настапува за Аргентина при што има и неколку натпревари за таа национална селекција.
Ромеро во својата изјави кажал дека се чуствува како аргентинец и дека сака токму за таа репрезентација да настапува. Шпанскиот фудбалски сојуз повторно изгуби битка при привлекување на млад талентиран играч како во времето на Лионел Меси кога место за Шпанија се реши за Аргентина.



