Во рамките на Челенџ купот, македонскиот преставник ОК Џио Струмица се реши да си ги испроба своите европски вредности и ждрепката реши да се соочи против ОК Омонија од Никозија од Кипар.
Двете екипи во меѓусебен договор решија двата натпревари да се играат на теренот на ОК Омонија во Никозија и по синоќешниот прв нивен меч домаќините стигнаа до победа од 3:0 по сетови.
Поради затварање на аеродромите во Кипар и Грција и карантин во овие земји не се одигра вториот натпревар, па двата клуба во договор со ЦЕВ се реши да се остане на тој прв меч за безбедно пристигнување на Џио Струмица во Македонија и нивна рана елиминација.
Извор и фото: ОК ЏИО Струмица@okgiostrumica