Јувентус по секоја цена сака да се ослободи од босанскиот репрезентативец Миралем Пјаниќ и го нуди на многу клубови. Последната разврска околу трансферот на босанецот во Барселона највероватно ќе пропадне бидејќи шпанците не нудат примамлива понуда за обештетување.
Па македoнскиот агент Фали Рамадани презема се во свои раце и ќе направи одлична здeлка со ПСЖ и Пјаниќ ќе заврши на ,,Паркот на Принцовите”. Парижаните или ќе направат трампа на играчи меѓу кои што се во игра дефанзивецот Маркињос или играчот од средниот ред, Верати, а на крај може да се случи само да платат обештетување и Пјаниќ да го дибијат во своите редови. ПСЖ претходно го откупи Мауро Икарди од тимот на Интер.



