Суперталентираниот 20-годишен Каи Хаверц од Баер Леверкузен наскоро може да го напушти клубот и да премине во бундеслигашкиот ривал Баерн Минхен. Хаверц ако продолжи со ова темпо на постигнување на голови за брзо време ќе влезе во топ 10 стрелците на Баер во клупската историја. Пред пандемијата на вирусот младиот играч вредеше околу 100 милиони евра.
Наводите дека Баерн ќе тргне по Хаверц ги потврди Ули Хенес и нагласи дека тимот треба и мора да се засили со играч со такви квалитети како што ги има несомнено Хаверц, но дека се зависи од економската моќ на клубот по кризата настаната од Ковид 19. За германецот заинтересираност има и од неколку Премиерлигашки клубови.



