Денешната трка во Арагон, во Мото 2 категоријата, донесе екстремно возбудлива ситуација, како на патеката, така и во генералниот пласман.
До победата, а и до второто место во поредокот, стигна Сем Лоус, кој се бореше за водството со Марко Беѕеки, кој излета во претпоследниот круг.
Освен него, до десеттиот круг излетаа двајца фаворити, Лука Марини и Фабио Ди Џанантонио, кои дефинитивно ќе се бореа за подиум и за победа.
Накрај, како втор заврши Енеа Бастијанини, кој го презема првото место во вкупниот поредок, а на третото место се пласира Хорхе Мартин.
Во првите десет завршија уште: Диксон, Гарднер, Рамирез, Гарзо, Робертс, Нагашима и Корси.
Во генералниот поредок, неизвесноста е сè поголема:
- Енеа Бастијанини (155 поени)
- Сем Лоус (153 поени)
- Лука Марини (150 поени)
- Марко Беѕеки (130 поени)



