Во рамките на 10 коло од Прва ЖФЛ во фер и коректен натпревар, во квалитетен прволигашки меч, во Тетово екипата на ЖФК Шкендија го пречека тимот од Прилеп со максимален ефект во лигата, тимот на ЖФК Деспина.
Гостинската екипа уште во првото полувреме ја обезбеди победата и новите три бода, бидејќи по одиграните први 45 минути резултатот гласеше 0:3. До крајот на средбата тетовчанки само го ублажија резултатот за крајни 1:3.
Најзаслужни за триумфот на тешкото гостување се Ангела Стојкоска која што влегува во голгетерски ритам, во чекор ја следеа Јана Чубриноска и Сара Ефтинџиоска за поставување на 1:3 и зацврствување на врвот на табелата.