Месут Озил нема иднина во Арсенал, тој многу одамна не е во плановите на ,,Топџиите”. Озил се поврзуваше со трансфер во Фенербахче, но сега се појави друга информација, дека тој може да премине во Јувентус.
Озил во Реал Мадрид играше заедно со Кристијано Роналдо и имаа близок однос, па португалецот кој се противише кога Реал го продаде германецот, нема ништо против Озил да го облече дресот на италијанскиот првак.
Договорот на Озил со Арсенал истекува во јуни, па јануарскиот преоден рок е последна шанса за ,,Топчиите” да заработат нешто на Озил. Едно од решенијата е до јуни Озил да го плаќаат по половина и Јуве и Арсенал, а потоа да се одлучи дали Јувентус ќе му понуди нов договор.
Озил е во Арсенал е од 2013 година и за клубот одигра 254 меча во кој што постигна 44 гола и запиша 77 асистенции. Месу Озил нема играно за тимот уште од март, а мислењата на фановите и во клубот се поделени.