
Последното натпреварување од женскиот дел на Светското првенство во крос-кантри во Планица (Словенија) беше најдолгата трка од триесет километри.
На неа, до убедлив триумф стигна Еба Андерсон (1:22:18,0), која и’ го донесе првото светско злато на Шведска на оваа дистанца.
За Швеѓанката, ова беше втор златен медал на СП 2023, кој беше придружен со уште две бронзи.
Во ,,пеколна” завршница, до првото сребро во кариерата дојде Ане Шерсти Калваа (+53,0), а уште една бронза на Шведска и’ донесе Фрида Карлсон (+54,2).
Од групата што се бореше за подиум, без медал останаа Лин Сван (+57,7), Роузи Бренан (+57,8) и Керту Нисканен (+1:08,2).